Категории

Костими за капење кои ќе го одбележат летото 2016!

Магазинот “Sports Illustrated” е познат по убавиците во костими за капење кои ги красат насловните страни, а сега тие згодни убавици се “симнаа од хартијата” и снимија видео во кое ја промовираат апликацијата за ова списание.

Голем “плус“ за техничките иновации, но она што не интересира повеќе е модата. Погледнете ги костимите за капење кои во видеото ги носат Ирина Шајк, Нина Агдал и Хана Дејвис, а кои ќе бидат хит ова лето.

Не станува збор баш за танги, туку таканаречените “бразилки”. Исто така, дречливите бои, кои се носеа минатата сезона, ќе бидат “демоде”, а добра вест е дека слободно можеме да ги комбинираме различните горни и долни делови, и не само што се однесува на бојата, туку и на дезенот и стилот.

Доминантни бои ќе бидат розовата, црвената и бордото, а од дезените – геометриските форми, но и костимите за капење со пораки, како оние кои ги носиме на маици.

Едноделните костими за капење исто така ќе бидат актуелни и раскошни: златни, сребрени, со додатоци… па така повеќе ќе бидат за шетање отколку за капење.

Прегледи:
380
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.02.2016