Категории

Коцки од лимонада и јагода

Освежителен десерт кој ќе ве воодушеви при првиот залак!

Состојки (за 24 парчиња):

  • 220гр. брашно
  • 30гр. пченкарен скроб
  • 80гр. шеќер во прав
  • ½ лажица сол
  • 16 лажици ладен путер, исецкан на помали коцки
  • 4 јајца, изматени
  • 260гр. шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 200гр. јагоди
  • 2 лажици рендана кора од лимон
  • 160 мл. свеж сок од лимон
  • 80мл. млеко

 

Состојки:

Во голем сад, измешајте ги брашното, пченкарениот скроб, шеќерот во прав, солта и путерот. Користејќи две вилушки, измешајте ги состојките заедно додека не добиете изедначена смеса.

 

На плех за печење со димензии 22×33, ставете хартија за печење намачкана со масло. Смесата истурете ја рамномерно во плехот за печење.Ставете ја во фрижидер околу 30 минути, а потоа печете во загреана рерна околу 20-25 минути на 1750C или додека не добие златно кафеава боја. Почекајте да се излади, а во меѓувреме направете го филот.

 

Во поголема чинија, измешајте ги јајцата, шеќерот и брашното. Во блендер изблендирајте ги јагодите, кората од лимон, сокот и млекото додека не добиете хомогена смеса. Измешајте ја оваа смеса во смесата со јајца, а потоа истурете ја над печената кора и повторно ставете ја во рерна.

 

Печете на 1600С околу 45 минути. Кога ќе ја извадите тортата од рерната, оставете ја да се излади, а потоа извадете ја од тавата. Исечете на 24 еднакви коцки и украсете со шеќер во прав.

Уживајте!

Прегледи:
437
Објавено на:
07.09.2019