Кожен капут: Популарно модно парче кое ќе го одбележи почетокот на новата година

Модно парче во кое вреди да инвестирате оваа сезона

Веќе сме на средина од првиот месец во новата година а во модниот свет веќе осамна првиот популарен тренд – тоа е кожниот капут. Уште во првите денови од новата декада, по модните метрополи беа забележани стајлинзите на трендсетерките во кои доминираше ова парче.

Секако, кога се работи за кожа секогаш е во прашање веганска кожа односно кожа која не е од животинско потекло.
Истовремено класичен и елегантен, кожниот капут е парче кое никогаш нема да излезе од мода, па можете да бидете сигурни дека ако го набавите ќе го носите уште многу долго. Помеѓу фаворитите се оние во светло кафеава нијанса, бордо и црна. Од мат или сјајна кожа, ова парче можете да го носите со фустани, здолништа и фармерки а бидете сигурни дека ќе му даде особен луксузен и шик изглед на секоја вашата комбинација.




Коментари

[fbcomments]