Категории

Кожни панталони – Моден фаворит создаден за есенските денови

Септември го донесува почетокот на есента, а како едно од најомилените парчиња оваа сезона се издвојуваат кожните панталони.

Септември го донесува почетокот на есента и почетокот на нова сезона внатре во нашите плакари. Создавањето на нова гардероба за есента во која ќе зачекориме ќе не врати на нашите стари фаворити, но ќе ни понуди и голем број нови трендови.
Совршениот спој од омилените кроеви и најновите трендови создава модни класици, а како едно од најпопуларните материјали за сезоната која доаѓа е – кожата. Секако уметничка, не природна.
Сјајна или мат, кожата е материјал кој секоја есенска сезона повторно се враќа на врвот на модните трендови.
За оваа есен уште едно популарно парче кое ќе го обожаваме се кожните панталони.
Одлично модно парче кое можете да го носите на неколку различни начини, во кежуал и елегантни стајлинзи, и кога малку сакате да одморите од фармерките.

Ви претставуваме неколку тренд улични стајлинзи кои можат да ви послужат како модна инспирација како да ги комбинирате кожните панталони оваа сезона.