Категории

Козјото млеко е 100 пати поздраво од кравјото

– Козјото млеко содржи поголема количина и минерални матерерии од кравјото млеко, посебно калиум и хлорид

Козјото млеко и сирење се исклучително здрави да се консумираат бидејќи имаат одредени, ефикасни тераписки вредности!

 Козјото млеко има поголема нутритивна вредност во однос на кравјото и подобра дигестивност поради својата природна хомогенизација. За дигестија на козјото млеко е потребно 20 % помалку време, бидејќи масните глобули од 0,1 до 10 μm и тоа со поголем удел на глобули помали од 2 μm.

 Лековитоста на козјото млеко е познато поради својот состав: витамини Е, А, Б6, Б12 и Ц, а ги содржи и останатите витамини во помала количина.

 Козјото млеко содржи поголема количина и минерални матерерии од кравјото млеко, посебно калиум и хлорид. Ова млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум, а ги содржи во поголеми концентрации во однос на кравјото млеко. Козјото млеко содржи околу 40% помалку цитрати во однос на кравјото млеко.

1 2