Категории

Крадецот пред Рајските порти – Мудра приказна

Некој крадец стигнал на небото и почукал на рајските порти.. „Отворете ве молам!“

Апостол Петар слушнал чукање и ѕирнал низ прозорчето на портата. „Кој е?“ – запрашал.

„Јас.“
„А кој си ти?“
„Крадец. Пушти ме во рајот!“
„Не може. Ова не е место за крадци!“
„А кој си ти да не ме пуштиш?“
„Јас сум свети Петар!“
„Те познавам тебе. Ти од страв се откажа од Исус пред петелот да пропее три пати. Се знам јас, пријателу!“

Засрамен, свети Петар се повлекол и го побарал свети Павле: „Павле, оди на портите и разговарај со оној човек.“
Сега свети Павле дошол до прозорчето: „Кој е таму?“
„Јас сум, крадецот. Пушти ме да влезам во рајот!“
„Рајот не е место за крадци!“
„А кој си ти да не ме пуштиш?“
„Јас сум апостол Павле!“
„Ах, Павле. Ти отиде во Ерусалим и Дамаск за да убиваш христијани. А сега си во рајот!“

Засрамен, свети Павле се повлекол и самиот збунет му раскажал на свети Петар што му се случило.
„Мораме да му го испратиме Иван, евангелистот“, рекол Петар. „Тој никогаш не се откажа од Исус, подобро ќе се снајде.“
Свети Иван ѕирнал низ прозорчето „Кој е таму?“
„Јас сум, крадецот. Пушти ме да влезам во рајот.“
„Можеш да чукаш колку што сакаш, за грешниците како што си ти нема место во рајот!“
„А кој си ти да ме пуштиш во рајот?“
„Јас сум Иван, евангелистот.“
„А така, ти си еден од евангелистите. Зошто вие еванѓелистите ги лажете луѓето? Сте напишале ‘Затропајте и ќе ви се отвори, барајте и ќе најдете.’ Два часа тропам и барам, никој не ме пушта да влезам. Ако не ми најдеш место во рајот веднаш, ќе се вратам на земјата и на сите ќе му раскажам дека во Евангелието си пишувал лаги!“

Иван се исплашил и го пуштил крадецот во рајот. Рајот е само прашање на милосрдието.

Прегледи:
547
Објавено на:
09.05.2020