Кралицата Елизабета II го посети сетот на Game of Thrones

Кралицата Елизабета II го посети сетот на Game of Thrones, но на големо разочарување на фановите, не седна на фамозниот Железен Трон.

Нејзиното Височество оствари посета на сетот во Белфаст, како дел од нејзината турнејата низ Северна Ирска, а бидејќи посетата се пренесувала во живо на телевизија, ја разгоре атмосферата (на Твитер) кога се приближила до Железниот Трон.

Сите очекувале таа да седне, зошто нели кога Kit Harington (Jon Snow) се смее, веќе се е можно …

…ама тоа не се случи, иако Lena Headey, кралицата во серијата Cersei Lannister и го понуди Железниот Трон.

Јавноста остана видно разочарана, но тоа не ги спречи да си поиграат со Фотошоп…




Коментари

коментари