Кралицата Елизабета им приреди кралски пречек на Доналд и Меланија Трамп на нивната тродневна државничка посета

Денес започна тродневната државничка посета на Доналд и Меланија Трамп на Обединетото Кралство, а тие веќе се сретнаа со кралското семејство. 

Тие го напуштиле Вашингтон во недела навечер, за веќе во понеделник наутро да пристигнат во Лондон каде нивна прва дестинација била Амбасадата на САД во Британија.

Понеделничкото попладне тие го поминуваат на чај со Принцот Чарлс и Камила, што следел после приватниот ручек со Кралицата Елизабета во Бакингемската палата, проследена со лична тура за уметничкките дела кои ја красат Палатата.

Вечерва Кралицата ќе одржи државен банкет во чест на Претседателот на САД, но се оечкуваат и илјадници анти – Трамп протестанти кои најавија блокада на улиците на Лондон. Сега за сега, 20.000 полициски службеници ги спречуваат во таквите намери и нема никаков застој и блокади низ улиците на Лондон.

Кралски поздрав со топови одекна и од Green Park и во Лондонската Кула на брегот на реката Темза за да се одбележи почетокот на државничката посета, највисока чест која Кралицата може да му ја приреди на еден светски лидер.

Посетата на претсеталот е во чест на празнувањето на 6-ти јуни D-Day, односно Битката за Нормандија , е најголемата поморско-десантна операција во историјата на Франција, за време на Втората Светска Војна.

Тие положија цвеќе на споменикот во чест на сите паднати борци во Westminster Abbey.

 




Коментари

коментари