Категории

Кралицата Летисија од Шпанија блесна во фустан од твид од брендот Zara

Шпанската кралица е позната по тоа што сака да „рециклира“ веќе носена гардероба, а и по тоа што често носи облека од пристапни брендови.

Шпанскиот кралски пар, кралот Фелипе VI и кралицата Летисија се појавија во Мадрид на едно важно случување кое го организираше Министерството за надворешни работи. Она што не не чуди е тоа што кралицата Летисија беше во центарот на вниманието.

Нејзиното височество носеше темносин фустан од твид со потпис на познатиот шпански бренд Zara, а интересно е тоа што ова е уште едно од нејзините „рециклирани“ парчиња кои веќе ги носела порано.
Познато е дека Летисија не робува на дизајнерските парчиња и скапите марки, па неретко избира парчиња со разумна цена. Ова парче на Zara чини 70 долари.
Целокупниот стајлинг го заокружи со високи потпетици во тегет нијанса со потписот на Carolina Herrera, ташна и каиш во иста боја.