Кралицата Летисија по трет пат во истиот фустан – А има и причина зошто и е омилен

Шпанската кралица повторно во раскошниот зелен фустан во кој веќе ја имаме видено два пати, а постои и причина зошто толку го обожава

Шпанскиот крал фелипе VI и кралицата Летисија ги посетија просториите на Асоцијацијата за церебрална парализа во Наваро, каде што кралицата уште еднаш воодушеви во впечатлив стајлинг.

Таа се појави во свилен фустан во смарагдна боја од модната куќа Sandro во кој веќе имавме прилика да ја видиме во два наврати. Прво на конгресот во Мадрид минатиот деќември а потоа за време на посетата на еден манстир во април оваа година.

Се работи за модел со миди должина со плисиран долн дел и суптилно деколте. Овој модел совршено ја истакнува линијата и прави таа да изгледа тенко и издолжено, а од струкот надолу паѓа слободно што ја прави комфортна во пределот на стомакот за оние кои би сакале да ги сокријат вишокот килограми во овој дел од телото со тоа ни дава до знаење дека постои добра причина зошто кралицата го обожава овој фустан.

Целокупниот летен стајлинг го искомбинира повторно со своите омилени еспадрили во беж нијанса кои ги носи со сите свои комбинации изминатиов период.




Коментари

[fbcomments]