Категории

Кралицата Летисија во нежно и романтично розово издание

И кралиците понекогаш сакаат да изгледаат како принцези..

Во Шпанија, Денот на државноста беше прославен со воена парада во Мадрид, а на ова случување присуствуваше и кралскиот пар додека најголемо внимание како и секогаш привлече кралицата Летисија.
Елегантната кралица носеше розев чипкан фустан со миди должина. Нежниот префинет стајлинг го збогати со бледорозови салонки на висока потпетица, розови обетки и clutch ташна во розова нијанса. Целокупниот романтичен изглед го заокружи со елегантно собрана коса во пунџа.