Кралицата на стилот Викторија Бекам откри што никогаш во животот не би облекла

Иако и самата е трендсетерка, за некои стилови таа едноставно нема разбирање

Модната креаторка Викторија Бекам и сопруга на Дејвид Бекам, веќе со години ги поместува границите на модата и поставува свои правила, но постојат некои модни трендови кои ни самата таа не ги прифаќа и разбира.

Во текот на нејзиното гостување во емисијата на Елен Деџенерис, водителката ја запраша славната модна икона кои трендови ја збунуваат, а таа одговори:

-Краток топ! Забележувам дека многу девојки носат кроп топови. И знаеш што, уште едно нешто – кога носат јакни спуштени така што ги откриваат рамењата. Знаеш на што мислам? Изгледаат така како воопшто да не се ни трудат. – истакна Викторија.




Коментари

коментари