Кралици на модата и скандалите: Сестрите Кардашијан највпечатливи на црвениот тепих!

Сите кои нешто значат во модниот свет, се појавиле вчера на црвениот тепих на доделувањето на AmfAR Gala наградите.

Убедливо најмногу внимание добиле сестрите Карадашијан кои долго време не се видени заедно на ваков настан. Ким Кардашијан била презентер, а Кортни била во улога на нејзина придружничка.

Ким носела провокативен црн фустан од модната куќа Версаче, кој го откривал нејзиното деколте, додека нејзината сестра била облечена во речиси идентичен црн фустан од истата модна куќа.

Актерката Мила Јововиќ пленела со нејзината харизма и фантастичен изглед, а во текот на забавата камерите ја фотографирале покрај актерката Мишел Родригез со која соработувала на филм.

Папараците најмногу ја фотографирале Хајди Клум која како и секогаш изгледала спектакуларно, додека Александра Амбросио професионално позирала пред камерата во заносни пози.




Коментари

коментари