„Кралот“ руши нови рекорди

Вчера Зоолошката градина Скопје ја посетија рекордни 12.000 посетители во еден ден. Убавото време скопјани максимално го искористија за уживање во ЗОО царството.

„Овие бројки се должат на одличната организација на целиот тим, а и времето не посака. Со оглед на тоа дека е почеток на сезоната и сѐ уште не се стигнати новите животни, оваа пролет очекуваме и нови рекорди и да се случи во еден ден да нѐ посетат 20.000 луѓе. Имаме капацитет за тоа“, изјави Галетановски.




Коментари

коментари