Кратки совети за подолг секс за мажите

Колку повеќе размислувате за својот оргазам, тој доаѓа побргу. Ако се погрижите таа прва да доживее оргазам, ќе се ослободите од психолошката тензија.

Дали знаевте дека сексот во просек трае пет до десет минути, а повеќе од две третини од мажите сакаат подолг секс. Прочитајте ги советите кои ќе ви помогнат да дознаете како да го продолжите времетраењето на вашето сексуално искуство.

Заборавете на оргазам

Колку повеќе размислувате за својот оргазам, толку сте поблиску до него. Обидете се да се сконцентрирате на партнерката  – на нејзината мека кожа, предизвикувачките воздишки или нејзиното лице. Потрудете се да го почувствувате задоволството со сите сетила, а притоа да не мислите на својот оргазам.

Вежби

Мускулот со кој го контролирате оргазмот е истиот оној со кој го контролирате уринирањето. Со негово притискање го спречувате уринирањето. Колку повеќе го притискате, всушност го тренирате и си овозможувате себеси одложување на оргазмот до оној момент кога ќе посакате. Оваа вежба можете да ја правите било каде, било кога.

Тренирајте

Кога мастурбирате, сконцентрирајте се на тоа како изгледа нејзиниот оргазам. Обидете се да го продолжите времето до постигнувањето на оргазам до оној момент кога сакате да трае и сексот. Поместете го времетраењето на неколку минути, па по некое време на уште неколку минути, се додека не го достигнете времето кое го посакувате.

Подгответе се

Сексуалниот чин има четири фази: возбудување, изедначен дел, оргазам и разрешување. Трикот се состои во препознавањето на фазите. Ако ги поредиме фазите од првата до последната со броевите од 1 до 10, обидете се најдолго да се задржите на состојбата околу бројот 7.

Бидете џентлмен

Дали некогаш сте чуле за правилото „дамите имаат предност“? Почитувајте го ова правило и кога станува збор за секс. Ако се погрижите таа прва да доживее оргазам, ќе се ослободите од психолошката тензија која можеби ја имате и ќе се опуштите.

Нека таа биде горе

Кога е таа горе, помала е стимулацијата, па полесно е да го одложите оргазмот, посебно ако и дадете до знаење „да се движи полека“.

Втора рунда

Ако првиот пат трае кратко, потрудете се да има и втор пат. Вториот пат најчесто трае подолго, а секако колку повеќе вежбате, трудот толку повеќе ќе се исплати.




Коментари

коментари