Креативен начин за заштита на околината: Запознајте ја единствената риба која јаде пластика!

Се зборува дека до 2050 година во светот ќе има повеќе пластика отколку риби, што секако е страшна претпоставка која не е далеку од вистината земајќи ја в предвид свеста која не е на завидно ниво кај жителите на планетата Земја. Светла точка во целиот процес се ваквите одлични приказни за локалното рециклирање, како оваа за рибата Гоби.

Оваа локална плажа одлучила да направи нешто едноставно – наместо само да стави еден тон здодевни стари контејнери за отпадоци околу плажата, тие направиле огромна скулптура на риба од бодликава жица и мрежа, и го додале знакот : „Гоби сака пластика, те молам нахрани го“.

Клучот до успехот е во тоа што децата не гледаат задоволство во рециклирањето на пластика во старите контејнери, но кога тоа се претвора во игра каде што мораат да „го нахранат“ Гоби, тие се воодушевени.

Гоби постојано се храни и поголемиот дел од времето тој всушност добива повеќе отколку што му е потребно на дневно ниво.

Преку ноќ, градот ја испразнува оваа риба и целата пластика од него, а потоа го враќа следното утро со празен стомак за да можат луѓето да го хранат повторно и повторно.

Мора да се сложите дека ова е одлична идеја, но, се поставува прашањето: Зошто не постои Гоби на секоја плажа во светот!?




Коментари

коментари