Категории

По повод денот на жената, Креативна Македонија организира квилинг работилница

Мали и големи креативци! По повод денот на жената, Креативна Македонија ви закажува квилинг дружба со 8-мо мартовска тематика.

Креативна работилница на која ќе ги научите техниките на овој вид уметност, со изработка на разни производи: накит, слики, честитки! Одлична можност да изработите подарок од срце, за вашите најдраги!
Дојдете на неколку часовно дружење, учење и создавање на шарени уникатни производи.

Цената изнесува 1200 денари. Покрај сертификатот за учество добивате и:

* 5 различни алатки за квилинг,
* Комплет хартија за квилинг,
* Линијар за 3д техники,
* Освежување.

Пријавување на [email protected] или на 02 324 4404. Местата се ограничени!

Прегледи:
537
Објавено на:
20.02.2019