Креативни идеи за полици од скала

Ви треба место за вашите книги, или можеби за вашите цвеќиња? Тогаш разгледајте ги овие идеи за полици направени од скала. Старата дрвена скала која сакавте да ја фрлите, може д послужи како важен ентериер кој ќе го разубави вашиот дом.

 

Полица за книги

Доколку сте некој страсен читач, тогаш новата полица е како благослов за вас. Дома имате толку многу книги, а малку место, но сепак, не би се откажале од ниедна книга.

Полица за кујнски садови и апарати

Дрвената скала исто така може да биде корисна и да ви послужи и во кујна. Сега конечно ќе имате место за секој ваш сад, а што е најважно – ќе ви биде на дофат.

Полица за во бања

На многу едноставен начин, скалата можете да ја искористите и во бањата. Дури ќе можете вашата козметика да си ја поделите и на спратови.

Полица за цвеќиња

Полицат за цвеќиња е идеално решение доколку сте љубиел на цвеќиња, а имате мал балкон или двор. Обојте ја скалата, наместете ги вашите омилени цвеќиња и веќе ја имате вашата мала магична градина.

Вашата стара скала можете да ја искористите на толку многу начини, во секој дел од вашиот дом. Погледнете уште неколку од нашите идеи:

 

 




Коментари

коментари