Креативни полици за детска соба

На детските соби секогаш им требаат полици! Од една страна тие се декоративен дел во домот, но од друга страна, полиците се многу корисни за играчки, книги и декоративни предмети кои децата сакаат да ги имаат во својата соба. Затоа, ние ќе ви покажеме малку поинакви и креативни полици кои вашите деца ќе ги обожуваат!

 

Округли полици

Овие полици навистина оставаат впечаток на удобност и топлина во собата. Исто така, одлични се за омилените плишани играчки на вашето дете!

округли полици

Лулашка полици

За оваа идеја постојат повеќе опции. Можете да користите јажиња и парчиња дрво, или обични полици кои висат на ткаенина. Искористете ја вашата имагинација!

лулашка полици

Полици од корпи за цвеќиња и од жардинери

Тие се одлични за играчки или книги, а плус на собата ѝ даваат интересен и декоративен изглед. Можете да искористите некоја светла боја за да ги бојадисате жардинерите и корпите за повеќе да одговата на собата. Закачет ги за ѕидот, и вашата работа е завршена!

полици од корпи за цвеќиња и жардинери

Саќе полици

Овие полици се навистина креативна идеја, а ќе ѝ дадат модерен изглед на собата. Потсетуваат на медното саќе, па токму тоа е она што ги прави посебни.

саќе полици

Скејт полици

Момчињата едноставно ќе ги обожуваат овие полици! Зошто да не го искористите нивниот омилен предмет како декоративно парче во нивната соба?

скејт полици

Дрво полици

Доколку во собата на вашето дете има веќе полици, но се премногу обични и сакате да ги смените, можете да направите нешто навистина креативно. Можете да нацртате дрво, или пак да залепите стикери. Со сигурност собата ќе изгледа така поудобно.

дрво полици

 




Коментари

коментари