Категории

Креативни торти и одлична забава за роденденот на вашето дете

Прославувањето на родендените без роденденска торта не е роденден. Особено, прославувањето на родендените на децата.

Роденденот е денот кој сите дечиња со нетрпение го очекуваат во текот на целата година. За нив, тоа е денот кога ќе ги соберат своите другарчиња, ќе играат заедно, а на крајот заедно ќе ги дувнат свеќичките на роденденската торта. Роденденската торта претставува најбитниот и најинтересниот елемент од роденденскатата забава.

 

Кога одбираат роденденска торта, децата најчесто бараат да им биде направена торта со ликови од омилените цртани филмови. За девојчињата карактеристични се торти со омилените ликови од Дизни, особено принцезите, но секако тука е и Барби, која секогаш е вистински избор за девојчињата.

 

Исто така и базен торта во кој пливаат шеќерни човечиња ќе биде големо освежување за детските очиња. За момчињата пак, понудата на торти е сосема различна. Момчињата често се радуваат на торти во форма на фудбалско игралиште или пак на ликовите Спајдермен, Супермен и Бетмен.

Тортата е само дел од совршениот роденден за децата, погледнете ги овие интересни торти, инспирирајте се и дознајте што е уште потребно.

За комплетна забава за најмалите треба совршен простор, каде децата може да се забавуваат, да играат, а секако да има и некои од нивните омилени цртани ликови кои ќе ги анимираат и забавуваат. Тоа го има Astera Lounge Bar & Kids Club, кои нудат комплетно бесплатна роденденска забава за најмалите. Игротеката која секојдневно е достапна за забава на децата без никаков надомест, под надзор, додека нивните родители пијат кафе или ручаат, исто така е достапна за одржување на роденденски забави.

Astera Lounge Bar & Kids Club е местото каде, детските соништа и желби се остваруваат и каде забавата, играта и смеата се на врвот на иста на приоритети.