„КРИК“- нова песна и видео спот од FUNK SHUI

Ексклузивците на Авалон Продукција, Funk Shui, го објавија најновиот видео спот од новата песна со наслов „Крик“.

Спотот за песната „Крик“, во режија на Томи Акимовски заедно со членовите на Funk Shui, е сниман на повеќе локации низ Скопје (школото „Песталоци“, стариот студентски стан на Томи Акимовски, на зграда во Карпош и Музеј на современа уметност) како и на одредени планински делови од Македонија.

Продукција, микс и мастеризација на „Крик“ се на Бен Милчев и членовите на Funk Shui, а песната е снимана во Studio Podrumot, Studio Tralala и студио DaPhunk.




Коментари

коментари