Кристијан Бејл се огласи: Роберт Патисон е совршениот „Бетмен“

Многу фанови на комикот изјавија незадоволство нивниот јунак да го глуми актерот познат по улогата во “Twilight”, Роберт Патисон.

Тие се пожалија дека не сакаат него да го глуми поранешен „вампир“. Иако актерот заработи огромна популарност снимајќи ја екранизацијата на истоимената сага, голем дел од фановите се пожалија дека никој не ќе може да го замени Кристијан Бејл во улогата на Бетмен.

Бејл побрза и веднаш возврати на реакциите на бесните фанови искажувајќи целосна поддршка кон Роберт Патисон нарекувајќи го „совршен за улогата на Бетмен“.
„Тој е фантастичен. Навистина сум возбуден да го видам крајниот продукт, Роберт е совршен за улогата, мислам дека никој друг не би се вклопил подобро од него!“ – откри актерот.




Коментари

[fbcomments]