Категории

Кристијан Греј од реалноста – Полицијата објави фотографија од криминалец по кого жените полудеа

Социјалните мрежи не мируваат: Полицијата објави фотографија од криминалецот што го бара, жените му пишуваат „опасни“ коментари.

Откако полицијата од американската држава Викторија објави фотографија од криминалецот што го бара, во коментарите почнаа да се појавуваат бројни жени, кои го сметаа за многу привлечен. Полицијата трага по 28-годишниот Џес Мабилио, бидејќи тој прекршил судски налог, а тие споделија фотографија од него на нивниот официјален Фејсбук. Коментарите на жените веднаш почнаа да се редат.
„Се надевам дека ќе го најдам на Тиндер пред полицијата да го најде“,
„Ако бев барем 40 години помлада“,
„Ги крши судските наредби и срцата на жените низ целиот град“,
„Нека дојде да се скрие со мене“,
„Ова е новиот Кристијан Греј, освен што овојпат ќе носи лисици “,
„ Само да можев да го пријавам како се крие во мојот кревет… “,
беа некои од коментарите.

 

 

Jess is wanted on warrant for contravening court orders.

The 28-year-old is known to frequent the Mornington Peninsula, Frankston, Bass Coast and Geelong areas.

📞 Crime Stoppers on 1800 333 000

Posted by Victoria Police on Wednesday, 6 January 2021

Прегледи:
105
Објавено на:
23.01.2021