Кристијано Роналдо оставил напојница од 20.000 евра во хотел во Грција

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо пред започнувањето со подготовките за новата сезона се одмара со семејството на јахта, а неколку дена поминал и во луксузен хотел на југот на Грција.

Како што наведуваат грчките медиуми, Роналдо го изнајмил претседателскиот апартман. Цената на тој апартман изнесувала 9 000 евра од ноќ. Апартманот нудел одличен поглед кон Јонското море и приватен базен.
Португалскиот фудбалер бил многу задоволен од лицата кои не ги пуштиле новинарите ни во близината на хотелот, па во знак на благодарност им оставил 20 000 евра напојница.
Роналдо ќе помине уште неколку дена на јахта на француската ривиера, а потоа ќе се врати во редовите на Јувентус.




Коментари

[fbcomments]