Категории

Кроасани од само три состојки

Ова е веројатно наједноставниот рецепт на светот за кроасани.

Точно е дека во варијантата со полнење треба да се додаде и четвртата состојка – но тие се вкусни и без неа. Проверете како да ги направите чекор по чекор!

 

Состојки:

  • 3 чаши пченично брашно
  • 250 гр ладен путер
  • Чаша павлака со 18% маснотии
  • По желба: мармалад или џем од сливи

Подготовка:

Додадете го путерот во брашното. Исечете го путерот на парчиња со нож. Додадете ја павлаката и замесете меко тесто. Ставете го тестото во фрижидер еден час. После тоа време, извадете го тестото и поделете го на помали парчиња. Од тестото направете тенки кори. Секоја кора ја исекуваме на еднакви триаголници – од кои ќе ги завиткаме и обликуваме кроасаните.

Можете по избор да додадете малку од омилениот џем или мармалад. Можете да ги наполните и со чоколаден крем. Ставете лажичка џем во средината на секој триаголник, а потоа завиткајте ги кроасаните.

Покријте ја тавата со хартија за печење. Наредете ги кроасаните и печете ги околу 20 минути на 200 степени. Кога малку ќе се изладат, можете да ги посипете со шеќер во прав. Пријатно!

Прегледи:
669
Објавено на:
26.11.2019