„Круната“ нова Нетфликс серија, вредна 156 милиони долари, за Кралицата Елизабета II (ВИДЕО)

Првиот трајлер за новата Нетфликс серија „Круната“ (The Crown) излезе, а веднаш ги освои гледачите.

maxresdefault

Приказната која се фокусира околу Кралицата Елизабета II која ќе ја игра, Claire Foy, се проценува дека чинела околу 156 милиони долари. Започнувајќи во 1947 година, шест години пред крунисувањето, 10те епизоди од првата сезона се фокусираат на бракот на Елизабет со Принцот Филип, кој ќе го игра Matt Smith, а завршува со смртта на нејзиниот татко Кралот Џорџ VI и нејзиното искуство како 25 годишна кралица во пост воена Британија.

Шоуто е креирано и напишано од Peter Morgan, а неофицијално Нетфликс има шест годишен план за оваа серија. Како датум на објава на серијата е закажан 4ти ноември 2016, па резервирајте си го ноември за гледање добри серии.




Коментари

коментари