Категории

Круши прелиени со чоколадо: Најбрз десерт кој освојува уште на првиот залак!

Ако ви се јаде десерт, а немате време, овој брз рецепт е совршен за вас

Состојки:

  • 1 кг круши
  • 100 грама шеќер
  • 200 мл павлака за готвење
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 1 лажица путер
  • кора од портокал
  • свежо мелен бибер

Подготовка:

  • Сварете литар вода па додадете ја кората од портокал и шеќерот.
  • Излупете ги крушите, но да им останат дршките, ставете ги во зовриениот сируп и варете ги 20 минути на тивок оган.
  • Извадете ги крушите на чинија и оставете ги да изладат.
  • Во меѓувреме, загрејте ја павлаката, додадете го чоколадото и мешајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи.
  • Додадете една лажица путер.
  • Истурете ја добиената смеса над крушите.
Прегледи:
214
Објавено на:
20.11.2019