Куче бездомник го спаси животот на новороденче кое беше фрлено во канта за ѓубре

Сликата со куче како држи во устата новороденче, неодамна прилече големо внимание на социјалните мрежи низ целиот свет. Всушност, на прв поглед може да донесеме сосема погрешен заклучок бидејќи глетката воопшто не е пријатна. Ова куче не го гризе новороденчето, туку го спасува неговиот живот, носејќи го во својата уста.

Имено, еден ден барајќи храна во кантата за ѓубре, кучето го нашло бебето кое претходно било фрлено во истата канта од страна на родителите. Успеало да го извлече и држејќи го во уста го оставило до прагот на најблиската куќа и почнало да лае, упорно обидувајќи се да го привлече вниманието на луѓето кои живееле во таа куќа. Откако излегле пред својата врата, станарите го виделе новороденчето и веднаш повикале Брза помош.

Денес, бебето е надвор од животна опасност, а сето тоа е благодарение на неговиот спасител – паметното четиригодишно куче!




Коментари

коментари