Куче или мачка? Дознајте кое милениче повеќе ќе ви одговара!

Изборот на милениче е забавна, но и одговорна задача. Со цел да ви помогнеме да изберете, ви ги носиме предностите и недостатоците на кучињата и мачките.

Куче
Кучињата бараат повеќе време од мачките. Кучето треба да се шета, дури и ако живеете во куќа со двор. Ако живеете во стан, кучето треба да го шетате најмалку три пати на ден.

Прошетките би требало да ве направат среќни. Доколку многу работите и ретко сте дома, куче не е идеално домашно милениче за вас. Кучињата мораат да поминат квалитетно време со вас. Вие сте центарот на нивниот свет. Кучињата се поврзани со своите сопственици и не се грижат каде се, додека сте вие со нив. Мачката е повеќе поврзана со просторот и не и е особено важно кој е со неа.

Кучињата сакаат да бидат целосно вклучени во сè што правите. Исто така, кучињата сакаат да ве заштитат и да ве предупредат доколку се случува нешто што ги вознемирува.  Тие бараат повеќе финансиски трошоци, бидејќи јадат повеќе храна, сакаат играчки, и треба да се чешлаат и бањаат. Неопходно е да ги дисциплинирате, во спротивно, тешко за вас и за вашата средина.

Мачка
Мачките нема да ве предупредат на ненадејните посетители како кучињата. Повеќето мачки уживаат да одат по сопствениците, но со сопствен чекор. Мачката нема потреба да ве задоволува или да учи трикови. Доколку и сака, тоа ќе го направи за себе, не поради вас.

Мачката е неверојатно независно милениче. Ќе дојде кај вас да се гали и дружи само кога таа ќе сака. Мачката не зависи од вас и не треба да ја шетате секој ден.

И мачките сакаат да се играат, но вие не треба да инвестирате многу енергија во овие игри, како за кучињата, бидејќи мачката сама ќе скока и трча. Имајте на ум дека мачките се најактивни во текот на ноќта, што значи дека цел ден можат да спијат. Но кога ќе излезат во дворот, очекувајте ноќни “подароци”. Некои сопственици на мачки секој ден пред врата наоѓаат остатоци од разни мртви глодари или птици. Мачките сакаат својот плен да го донесат дома.




Коментари

коментари