Категории

Куче одби да го напушти ковчегот на сопственикот кој загина во силниот земјотрес во Италија

Кокер шпаниел, кој одби да го напушти ковчегот на мртвиот сопственик, му покажа на светот што значи лојалност.

За време на масовниот погреб на дел од жртвите во катастрофалниот земјотрес кој згасна над 290 животи, кучето Флеш мирно лежело покрај ковчегот со телото на личноста која се грижела за него пред смртта.

Краткото видео од тажното животно го обиколи светот и го потсети на безусловната љубов на домашните миленици кон своите сопственици.

https://www.youtube.com/watch?v=h4oQOadO7mw

 Сопственикот на Флеш, Андреа Косу, бил на одмор во Пескара дел Тронто кога силниот земјотрес целосно го разрушил местото.

Природната катастрофа, која ја погоди централна Италија, се случи во 3.36 часот наутро на 24 август.

Деновиве вниманието на светската јавност го привлекува и видеото од спасувањето на куче од под урнатините во Италија. Погледнете го:

Прегледи:
400
Објавено на:
29.08.2016