Категории

Кученце кое е слепо од глаукома има придружниче-куче кое му станува водич

Кучињата ни се од огромна помош нам, на луѓето. Имаат илјадници полезности за нас: не’ поддржуваат емоционално, не’ водат, ни ги душкаат работите :) Не постои замена за она што тие ни го пружаат.

Но кучињата не ни помагаат само нас, туку и на други животински видови, како на пример, на други кучиња! Тао, 12-годишниот златен ретривер на кој му ги отстраниле очите хируршки, поради глаукома, и Око, неговиот помошник, се права слика за тоа.

Мелани Џексон, сопственикот на овие кученца, раскажува како одело се’. Лани, на Тао му била дијагностицирана глаукома, очна болест каде што окото не може ефективно да си ги отстранува своите течности. Болеста прогресирала неочекувано и брзо. Едно утро, Тао бил добар, но вечерта почнал неконтролирано да ја тресе главата од болка и по неколку часа ослепел и морале да му го извадат едното око. Во јануари се случило истото со другото око и морале да му го извадат и него.

За среќа, брзо оздравел. Само 3 дена по втората операција, одел сам по скалите и шетал без ланец. Изгледал среќно, но нешто недостасувало. На Тао му требало дрѕгарче, особено бидејќи си го загубил видот.

И така во нивното семејство дошол Око – уште еден златен ретривер. Имал само 8 недели кога Мелани го земала, но ова дуо „кликнало“ од прва. Тао сега го следи Око насекаде и тие станале неразделни. Око станал куче-водич на друго куче! Тао и Око исто така спијат заедно. Сега заедно функционираат како едно битие. Тао живее низ очите и младоста на Око, а Око живее низ мудроста и топлината на Тао.

Погледнете ги овие преслатки кученца:

Прегледи:
565
Категории:
Занимливости
Објавено на:
02.10.2020