Категории

Кучиња си притрчале во пресрет – Сопствениците откриле дека всушност тие се во роднинска врска

Додека Џесика го шетала своето куче Доли во Центениал Парк воочила и друга девојка како го шета своето куче кое неверојатно наликувало на нејзиното.

Името на другото куче е Воли а го шетала неговата сопственичка Беки која случајно застанала во Нешвил на своето патување од Чикаго во Флорида.
Се испоставило дека постои причина поради која Доли и Воли си притрчале едно кон друго веднаш што се сретнале и потоа не можеле да се одвојат. Преку разговор Џесика и Беки сфатиле дека всушност нивните кучиња се од исто легло.

Кучињата се вкрстување од златен ретривер и пудлица а на свет стигнале на почетокот на оваа година во Витон, Мисури. Биле раздвоени кога имале само осум недели. Џесика ја објави неверојатната приказна на Фејсбук која ги разнежни многумина.

„Колку е мал светот“, „Прекрасна приказна“, „Неверојатно“, беа само некои од коментарите на нејзините пријатели.

Прегледи:
831
Објавено на:
31.12.2020