Категории

Кучињата кои станаа популарни поради тоа што личат на луѓе – Запознајте ги Рони и Реџи

Кучињата Рони и Реџи станаа вистински ѕвезди на интернет. Луѓето буквално го запираат нивниот сопственик на улица за да ги видат одблизу. И тоа затоа што секој тврди дека неверојатно личат на луѓе.

-Тие постојано ме прашуваат: „О Боже, дали е тоа куче? Изгледа како Евокс“, изјави сопственикот Кери Докра за Додо.

-Ми велат дека изгледаат како се освен кучиња. Но, тие најчесто ги споредуваат со луѓето, особено со Рони – додаде таа.

Својот уникатен изглед им го должат на своите родители, мајката која е мешавина од Стафордшир Бул Териер и Пит Бул Териер и татко им, мешавина од Ших Цу и Паг. Двете кучиња имаат многу експресивно лице, но носот и усните на Рони ги прават особено да личат на човекот. Тие брзо станаа препознатливи во нивниот град, а сопственикот вели дека не им пречи. „Тие ги сакаат луѓето, особено децата и сакаат и други животни“, вели таа.