Чек дис аут
Search

Куферот во Божјите раце – Што е вистински важно во животот?

Бесценета приказна чија мудрост останува со вас засекогаш

Човекот умрел..
Кога го сфатил тоа, видел како Бог доаѓа кон него со куферот во Неговите раце.
Разговорот помеѓу Бог и мртвиот човек:

Бог: Во ред е сине, време е да тргнеме.
Човекот: Толку брзо? Имав многу планови.
Бог: Навистина ми е жал, но време е да тргнеме.
Човекот: Што имаш во тој куфер?
Бог: Она што ти припаѓа.
Човекот: Она што ми припаѓа? Мислиш, моите нешта, облеката, парите..
Бог: Тие нешта никогаш не биле твои, тие и припаѓаат на Земјата.
Човекот: Дали се тоа моите сеќавања?
Бог: Не, тие му припаѓаат на Времето.
Човекот: Дали се тоа моите таленти?
Бог: Не. Тие му припаѓаат на Околностите.
Човекот: Дали се тоа моите пријатели и семејство?
Бог: Не сине. Тие му припаѓаат на Патот по кој си чекорел.
Човекот: Дали се тоа мојата жена и деца?
Бог: Не, тие му припаѓаат на твоето Срце.
Човекот: Тогаш мора да е моето тело.
Бог. Не, не.. Тоа му припаѓа на Прашината.
Човекот: Тогаш сигурно е мојата Душа.
Бог: Грешиш сине. Твојата душа ми припаѓа мене.

Човекот со солзи во очите и со страв го земал куферот од Божјите раце и го отворил. Тој бил празен. Со солзите кои капеле по неговото лице, Човекот го прашал Бог.

Човекот: Никогаш ништо не беше мое?
Бог: Така е. Никогаш не си имал ништо.

Човекот: Па тогаш? Што беше мое?
Бог: Твоите МИГОВИ. Секој миг кој си го живеел бил твој.

Животот е само миг. Миг кој ни припаѓа на нас. Уживајте во тој МИГ додека го имате. Не дозволувајте било што да ве запре да ги правите нештата кои ги сакате и во кои уживате. Живејте го својот живот СЕГА. Не заборавајте да бидете среќни, затоа што само ЕДНО е важно. Материјалните нешта и се за што сте се бореле во животот, останува зад вас. Ништо не можете да понесете со себе. Она што е вистински важно е да ги живеете своите МИГОВИ.




Коментари

[fbcomments]