Категории

Куќна Среќа – Ова растение носи среќа и благодет во домот

Може да биде и оригинален подарок кој јасно порачува колку среќа и радост му посакуваме на личноста на која го даруваме.

„Куќна среќа“ (Halxine soleirolii) е растение за кое се верува дека донесува среќа и веселба во домот во кој се одгледува. Може да биде и оригинален подарок кој јасно прачува колку среќа и радост му посакуваме на личноста на која и го подаруваме. Фенг Шуи филозофија тврди дека оваа билка поттикнува проток на позитивна енергија.

Ова цвеќе го краси ситни и округли зелени листови. Куќна среќа расте во вид на мала грмушка. Потекнува од островот Сардинија и не бара многу одржување.

Негата на Куќна среќа подразбира неколку основни правила. Бара сончева светлина, но без директно изложување на силни сончеви зраци. Температурата која му годи е во размер од 10 до 24 степени.

Домашна среќа бара редовно полевање но не и преобилно коренот да не почне да скапува. Внимавајте да не ги намокрите ливчињата туку само земјата. Листовите можете одвреме навреме да ги прскате со млака одстоена вода.

Прегледи:
1315
Објавено на:
23.11.2020