Култура го распиша конкурсот за Романијада 2019 година: Сите млади автори имаат можност да го покажат својот талент

Како и секоја година, така и оваа, Култура го распиша конкурсот за најдобар роман меѓу младите неафрмирани автори – Романијада 2019 година.

Во нашата земја постојат многу млади луѓе кои својот талент умеат да го преточат во креативни мисли. Охрабрени од досегашниот интерес на претходните изданија на конкурсот, Култура АД Скопје го распишува конкурсот за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2019 година.

Ова се критериумите за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА:

  • Aвторот да не биде постар од 35 години;
  • Авторот да нема објавено книжевно дело;
  • Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;
  • Ракописите не треба да бидат помали од 100 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;
  • Ракописите треба да се достават по електронски пат на: ipkultura@gmail.com со назанака: РОМАНИЈАДА, до 15 февруари 2019 година.
  • Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото.

Пристигнатите ракописи ќе бидат евалуирани од страна на жири комисија во април 2019 година.
Добитникот ќе биде објавен до крајот на мај 2019 година.

Aвторот чиј ракопис ќе биде оценет со највисока оценка, ќе склучи ексклузивен издавачки договор со издавачката куќа Култура АД Скопје. Наградениот ракопис ќе биде издаден во септември 2019 година.

Доколку сте креативни, сакате да пишувате и ги исполнувате наведените критериуми, учествувајте во конкурсот за Романијада 2019 и споделете ја својата приказна. Можеби токму вие ќе допрете до срцата на читателите.




Коментари

коментари