Категории

Култура на Летниот саем на книгата во Рамстор и низ Македонија, со голем избор на книги и ниски цени

Вљубениците во книгата деновиве имаат можност да си купат книги по супер саемски цени, бидејќи во тек е одржување на Летниот саем на книгата во Рамстор.

 


 Од 23-ти до 28-ми мај во трговскиот центар Рамстор во рамките на своите заложби за популаризација на книгата и културата на читање, Македонската асоцијација на издавачи продолжува со своите активности.

Првиот во серијата настани е Летниот саем на книгата во Рамстор, на кој учествуваат 7 издавачи- членови на МАИ: АНТОЛОГ – Книжевен центар, Eduka Mak Publisher, SAKAM KNIGI, КСЦ Полица, Издавачки центар ТРИ, Literatura.mk, Култура – Во светот на книгите.

Настанот можете да го следите овде и е одлична можност за читателите да си купат книга со попусти и до 70 % и да уживаат ова лето со книга на плажа.

Со супер саемски цени Ве очекуваме во светот на книгите ➡➡➡ ? 19 мај – 24 мај Струмица,на градскиот плоштад ? 22 мај – 28 мај Гевгелија, библиотека Гоце Делчев ? 23 мај – 28 мај Рамстор мол И не заборавајте во виртуелната книжарница секогаш имате 10 % попуст ✔? #култура #книги #инстаграмџии #восветотнакнигите #инстаграмџики #фотонанеделата #bookfair #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Култура исто така им нуди книги по саемски цени и на читателите во целата држава, покрај виртуелната книжарница каде секој може да си купи книга со 10% попуст, во тек се попусти и во неколку градови. Моментално саемските цени се активни во Гевгелија, а следете ги на нивната фејсбук страна и дознајте дали ќе има попусти и во вашиот град! 

Прегледи:
588
Објавено на:
25.05.2017