Квалитети кои ги поседува секоја вистинска дама

 Ако мислите дека за да бидете убава е доволно да се нашминкате само со најскапата шминка и да облечете брендирана облека се лажете.

Со право се вели дека убавината доаѓа однатре, а следните особини тоа и го докажуваат.

1. Елеганција

Елеганција не е само надворешниот изглед, елеганција е и кога жената со стил ги решава проблемите, кога ги почитува етичките кодекси и кога е во склад со племенити цели.

Ставот на овие дами е црст но обвиен во аура на мистериозност, енергијата во исто време е силна и нежна. Исто така елеганцијата е одраз на длабочината и мудроста.

2. Љубезност

Начинот на кој се однесувате пред другите како и за тоа на кој начин размислувате за нив и како им се обраќате зависи од личниот сензибилитет.

Жените кои зрачат со убавина се љубезни пред сите дури и пред оние за кои не им е многу грижа.

Постои можност дека многу луѓе љубезноста ќе ја протолкуваат како слабост или ранливост, но бидете свесна дека таа всушност е одраз на силните личности.

3. Сталоженост

Сталоженоста е облик на самоконтрола. Животот е полн со предизвици, а без сталоженост ризикуваме да упаѓаме во конфликти и без потреба да уништуваме односи со луѓето кои не опкружуваат.

Колку помалку реагираме, се браниме, се објаснуваме толку имаме поголема контрола над ситуацијата.

4. Храброст

Храброста е неопходна за љубовта, за промените, за чувствата, за соновите и за исполнувањето на целите.

Храброста ја чинат добрите дела. И да бидеме на чисто, храброст не е викање и фалење, храброст е цврстината на нашиот карактер.

5. Самодоверба

Кога ќе научиме да се сакаме себе, тогаш ќе стекнеме и самодоверба.

6. Упорност

Кога сме на чисто со сами себе, кога знаеме кои сме и што сакаме во животот, што сакаме во љубовта дури тогаш ќе бидеме целосно среќни.

Ќе ги исполните сите животни цели бидејќи знаете што сакате.

Од секој предизвик извлекуваме нешто позитивно за себе, а како стануваме подобри така сме се позаштитени од негативни влијанија.

7. Интелигенција

Интелигенцијата е поврзана со знаењето, но и со емоциите. Кога сме свесни зошто и кога го чувствуваме тоа што го чувствуваме, можеме да бидеме флексибилни и полесно да ги поднесуваме предизвиците и промените и да ги решаваме на вистински начин.

Интелигентните луѓе не се плашливи, тие знаат дека секогаш постои избор.

Емоционалната интелигенција значи и можност да ја гледаме целината, а не само дел.

8. Скромност

Вистински убавата жена е само онаа која знае дека светот не се врти околу неа. Тоа е оној вид на скромност кој овозможува да ги славиме туѓите успеси и достигнувања исто како сопствените.

Кога сме во целост задоволни со сами себе немаме потреба да глумиме нешто што не сме.

Најмногу сакаме да бидеме во позадина, да ја работиме својата работа и да му дозволиме на успехот да зборува сам за себе.

9. Чесност

Чесните луѓе се стремат кон тоа што е реално. Едноставни се, отворени, нежни но и искрени во поглед на тоа што се. Трпеливи се. Она што е специфично е тоа дека секогаш го слушаат своето срце.

10. Љубов

Не постои поубава жена од онаа која е покрај саканата личност и која се сака себе си.

Љубовта е квалитет кој се изразува преку духовно, емотивно и сензитивно делување.




Коментари

[fbcomments]