Лаки е кучето кое ги воодушевува луѓето поради својот необичен изглед

2-годишното куче од Тајланд, Лаки, се разликува од сите останати кучиња кои досега сте ги виделе поради неговиот необичен изглед.

Кога 29-годишниот Шарис го посвоила Лаки пред 3 недели, не очекувала дека нејзината фотографија која ја поставила на Фејсбук од него ќе предизвика лавина коментари и 11.000 лајкови. Но, сосема е јасно зошто. Лаки е куче со необичен изглед, со едно сино око, а другото кафеаво, а неговата шара над окото изгледа како подигната веѓа што го прави неодоливо сладок. Иако многумина се сомневале во веродостојноста на шарата над окото на Лаки, не станува збор ниту за фотошоп ниту пак за маркер.

И покрај необичниот изглед, Лаки е многу здраво кученце. Поради неговата ретка состојба наречена хетерохромија, луѓето се прашуваат дали тој всушност може да гледа, но Шарис веели дека не е слеп и дека гледа сè јасно.




Коментари

коментари