Лансиран е NextGen Центарот наменет за тренинзи од областа на дигиталниот маркетинг

NextGen Центарот го најавува курсот за вовед во дигитален маркетинг за сите кои сакаат да научат како да размислуваат и да се надоградуваат во областа на дигиталниот маркетинг.

Што ќе научите?

Во овој курс ќе научите за основните принципи на дигиталниот маркетинг, главните разлики помеѓу дигиталните и традиционалните техники, и како дигиталниот маркетинг може да ви помогне да го развиете вашиот бизнис.

Курсот ќе ви овозможи да ги осознаете современите алатки во дигиталниот маркетинг, социјалните мрежи и алатките за пребарување, и кога и како можете да ги употребувате истите.

За кого е наменет?

Идеален курс за креативци, мали фирми, здруженија, професионални организации и сите кои сакаат да научат како да размислуваат и да се надоградуваат во областа на дигиталниот маркетинг. Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги научат основите и принципите на дигиталниот маркетинг, како и оние кои сакаат да ги усовршат постоечките знаења. Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни.

За обуката не е неопходно претходно искуство од маркетинг или алатките кои ќе се изучуваат.

Предавач: Анета Палевска

Анета е сопственик на NextGen центарот во Скопје, и има долгогодишно работно искуство во маркетинг индустријата. Таа има завршено студии во Мичиген, САД, а потоа неколку години работела како консултант во повеќе фирми во Њујорк и Лондон.

Анета има пасија да им помага на малите бизниси да растат со помош на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми.

Курсот ќе се одржи на 17 мај во 18:00 часот и цената на овој курс ќе изнесува 500 денари. Можете да се пријавите и да набавите билети на следниот линк: http://nextgencenter.mk/voved-vo-digitalen-marketing/?et_fb=1




Коментари

коментари