Категории

Лацио во финишот го сруши Торино (видео)

Лацио го освлада Торино со 3:1 во последниот натпревар од 28.коло во Серија. Лацио со оваа победа, четврта во низа, се искачи на четвртото место на табелата.

Лацијалите доминираа во текот на целиот натпревар, но до победата над Торино дојдуа во последните три минути од натпреварот.

Откако не ја материјализираа големата иницијатива која ја имаа во првиот дел, „недесно сините“ до предност стигнаа преку Имобиле во 56.минута.

Торино израмни во 72.минута преку Макси Лопез кој неколку минути претходно влезе во игра.

Сепак Лацио успеа да победи со головите на Балде Кеита во 87-та и Андерсон во 90-та минута.

Лацио со новите три бода и четвртата победа во низа се искачи на четвртата позиција на табелата со 56 бодови, четири помалку од Наполи кој е на третото место и шест помалку од второпласираната Рома.

https://www.youtube.com/watch?v=EuxH6qLOvMg

Извор : Макфакс

Прегледи:
87
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
14.03.2017