Категории

ЛАВ – Годишен хороскоп за 2022 година

Годишна прогноза за работа, семејство, љубов, пари и здравје.

Ова е година во која Лавовите ќе доживеат успех на работа и конечно ќе започнат да заработуваат колку што заслужуваат.

Во јануари 2022. година Лавовите под влијание на Сатурн можат да очекуваат налет на среќа, оптимизам, многу добри случувања на работа. Исто така, Јупитер може да донесе некои интересни можности во првите девет месеци од наредната година. Сепак, бидете внимателни кога носите важни одлуки. Во април и јули ве очекуваат помали проблеми под влијание на Ретроградниот Меркур.

Љубов

Во 2022. година Лавовите можат да поминат преку многу неоријатен период кога станува збор за љубовта. Можни се конфликти помеѓу партнерите и тоа во јануари и февруари. Лавовите кои се во подолга врска оваа година може да очекуваат и брак. Може да бидете запросени во текот на април. Помали конфликти и разлики во мислењата постојат речиси секојдневно, но не дозволувајте тоа да ја уништи вашата врска.

Работа

Напредок во кариерата во следната година е загарантиран за сите Лавови. Влијанието на Јупитер во седмата куќа е доказ дека може да очекувате и прилив на пари од фирмата или некој близок роднина. Во втората половина од годината може да очекувате некои колеги на работа да се свртат против вас.

Пари

За Лавовите ова е добра година која станува збор за финансиите. Како резултат на напредувањето во кариерата, ќе дојде и резултатот во вид на финансии. Периодот по 6. април 2022 година е посебно силен и може да очекувате успех на деловно поле, создавање нови контакти кои ќе ви бидат од големо значење.

Семејство

Лавовите оваа година убаво ќе се сложуваат со семејството и тоа најмногу со мажите кои се во приближни години. Тоа ги вклучува и браќата. Ова е година во која Лавовите можат да очекуваат и венчавки на своите деца. Ако сте во брак без деца, ова ќе биде поволна година за проширување на семејството.

Здравје

Некои Лавови оваа година имаа проблем со здравјето, но тоа ќе се промени во периодот од јануари до април. Најчесто оваа година ќе имате проблем со инфекциите и органите за варење. Појава на потешки болести се можни оваа година за некои Лавови, па се препорачуваат редовни контроли и внимателност при патувањето. Правилна исхрана и движење можат да бидат од голема корист во наредниот период.

Прегледи:
901
Објавено на:
21.12.2021