Категории

Лавица се сунча на покрив на куќа – Соседите се вознемирени а сопственичката тврди дека не постои опасност

(ВИДЕО) Во предградието на Москва, селото Козно, жителите беа шокирани од глетката на лавица како мирно лежи на сонцето на покривот од куќа и не се грижи многу за околината.

Откако видеото од лавицата започна да се споделува на мрежите, настана конфликт меѓу соседите. Сопственичката на лавицата, која се претстави како Наталија изјави дека има зоолошка градина, односно центар за помагање на животни во тешки ситуации:
„Ова е нејзината куќа, таа не избега никаде. Таа седи тивко на нејзината територија и соседот го објави видеото да делува како да избегала. Не разбирам која беше неговата цел.“

„Оваа лавица официјално живее со нас. Ги имаме сите потребни документи, тука нема повреда и владата е информирана за сè. Вакцинации, дозволи, лиценци – имаме сè.“

Сопственичката додаде дека соседите често се жалат затоа што камионите што доставуваат храна за животни го блокираат патот и дека е горда на фактот дека работи на прифаќање несакани суштества.

Наталија објасни и како лавицата дојде до неа:

„Нејзината мајка не можеше да ги нахрани младенчињата, па и помогнавме на зоолошката градина. Ни дадоа за да можеме да се грижиме за тоа. Потпишавме договор со зоолошката и разменивме документација.“

Локалните медиуми јавуваат дека спасувачите од Министерството за вонредни ситуации се појавиле во куќата за да ја извадат лавицата од покривот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ViNO (@i.m_vino)

Прегледи:
64
Објавено на:
29.03.2021