Лажни пријателства и глума – НЕ благодарам!

Ги има многу такви кои глумат дека се со нас и во добро и во зло, но многу брзо го откриваат своето вистинско лице, тука се во добро, а штом злото зачука на врата, нив ги снемува.

Не сакам груби и прости луѓе, не сакам дрскост и иронија.
Не сакам лажни пријателства и глума, тапкање по рамото додека ножот стои сокриен во ракавот.
Не сакам нити материјални, амбициозни кариеристи, луѓе кои себеси си даваат за право да судат за другите, додека пред нивниот праг се собира ѓубре.

А сакам..
Сакам искреност, едноставна комуникација, луѓе кои знаат за Благодарам и Извини.
И која диплома да ја имаат, или да ја немаат.. Што и да се.
Доволно е само да се – луѓе.

Денес има многу луѓе кои ни се прават пријатели и се прават дека се наша страна. Ги има многу такви кои глумат дека се со нас и во добро и во зло, но многу брзо го откриваат своето вистинско лице, тука се во добро, а штом злото почука на врата, нив ги снемува.

Малку се оние луѓе кои се искрени, кои се со нас без оглед на се.
Малку се вистински пријатели денес, кои ќе ти пружат рака кога ќе паднеш, а не да те турнат во бездната. Затоа, чувајте ги вистинските пријатели, затоа што подобро еден кој е вистински – отколку десет кои се лажни.




Коментари

[fbcomments]