Лебот задолжително треба да биде дел од вашето дневно мени. Прочитајте зошто!

Лебот е основна намирница која е вклучена во секојдневната исхрана и речиси во секој оброк. Македонската кујна и покрај тоа што е разновидна и изобилува со најразлични јадења, лебот одлично се вклопува во нив и секогаш е дел од македонската трпеза.

 

Иако честопати читаме за поврзаноста на лебот со зголемувањето на телесната тежина, треба да бидеме свесни дека тоа тврдење не е сосема точно. Лебот како и секој друг производ влијае врз тежината на долг рок доколку се консумира повеќе од потребното. Но, она што многумина не го знаат се придобивките кои ги добиваме од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Имено, производите направени од житарици се неопходни во исхраната, наспроти сите обвинувања дека тие се главната причина за вишокот килограми. Соодветниот вид на јаглени хидрати обезбедуваат долготрајна енергија во текот на денот и други бројни предности. Доколку припаѓате во групата на оние луѓе кои внимаваат на исхраната и се трудат да се хранат здраво, а сепак не сакаат да се откажат од лебот како една од основните намирници, тогаш со задоволство ќе ги вкусите специјалните лебови на Жито Интеграл. Интегралниот ‘ржен леб, Пробавита лебот, Фити лебот, Баварскиот, Диеталниот, Дијабетик и ‘Ржаниот леб, се дел од лебовите кои ги произведува Жито Интеграл кои изобилуваат со хранливи состојки.


Здравствени придобивки

Бројни студии покажале дека јаглените хидрати кои се составен дел од лебовите на Жито Интеграл можат да ги намалат и ризиците од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, висок крвен притисок, рак на дебелото црево.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Подобро расположение

Јаглените хидрати го зголемуваат нивото на неуротрансмитерот сератонин, кој е одговорен за доброто расположение во мозокот, а на оовј начин се подобрува расположението и се намалува желбата за нездрави грицки, како што се слатките. Предноста е двојна, ќе го намалите нивото на стрес, но и обемот на струкот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Жито Интеграл (@zitointegral) on


Го подобрува варењето

Специјалните лебови на Жито Интеграл се грижат за органите за варење и овозможуваат редовно елиминирање на непотребните материи. Освен тоа, некои истражувања покажале дека 92% од населението не внесува доволно хранливи влакна секојдневно. Внесувањето на житарици од цело зрно преку специјалните лебови на Жито Интеграл може да биде од исклучително значење за консумирањето на препорачаната доза од 28 грама влакна дневно, што ја спрелува појавата на констипација (запек).

Убава кожа и коса

Иако никој не би рекол дека убавината започнува од лебот, вистина е дека лебовите содржат големо количество на витаминот Б и протеини, што можат да го намалат бројот на години на вашата кожа и коса.

Производите на Жито Интеграл можете да ги најдете во сите помали маркети низ Скопје и Куманово.




Коментари

[fbcomments]