„Легално русокоса“ – Животни лекции на кои не научи бестрашната Ел Вудс

Сите се сеќаваме на веселата и шармантна Ел Вудс која и покрај тоа што беше исмевана и потценувана на Харвард, успеа да го оствари својот сон и да успее во своите цели. Еве на кои важни животни лекции не научи оваа незаборавна русокоса.

Плавушата од Харвард или попозната како „Легално русокоса“, Ел Вудс ги освои срцата на бројни гледачи со својата позитивност, оптимизам, искреност и способност да верува во своите цели дури и ако другите и се потсмеваат. Една од омилените филмски плавуши ја отелотвори актерката Риси Витерспун.

Еве на кои важни животни лекции не научи оваа незаборавна русокоса.

1.Не дозволувај да те кочи начинот на кој другите те перцепираат
Студирањето право е за досадни, грди и сериозни луѓе. А ти не си ништо од тоа – вели таткото на Ел Вудс откако таа му соопштува нему и на нејзината мајка дека сака да студира на Харвард. Семејството на Ел како и нејзините пријателки од високото друштво ја наговараа да се откаже од таа идеа, но не успеаа да ја запрат.

2.Опкружи се со луѓе кои ги поддржуваат твоите цели
Ел Вудс на Харвард уште од самиот почеток не успеа да пронајде пријатели на универзитетот кои ќе ја поддржуваат во нејзината цел, но затоа успеа да ги пронајде надвор од него.
Таа се спријатели со Паулета, нејзината козметичарка и тие станаа доста блиски, а ја поддржуваа и пријателките од родниот град Маргот и Серена. Тука е секако и Емет со кого подоцна таа започна љубовна врска. Не дозволи злобните јазици да и го уништат студирањето и се опкружи со луѓе кои и беа поддршка.

3.Лошите ситуации ги претвори во добри
Ел беше уверена дека Варнер ќе ја запроси, но тој потполно неочекувано ја прекина врската и многу ја повреди. Многу од нас знаат какво е тоа чувство.
Ел некое време беше потиштена, но потоа одлучи да извлече нешто добро од целата ситуација и да го следи Варнер на Харвард.

Кога го виде Варнер со вереница, потполно оправдано беше вознемирена. Но на крајот успеа да биде избрана за најдобар студент на својата година, стана и најдобра пријателка со вереницата на Варнер и пронајде нова љубов.

4.Не дозволувај „хејтерите“ да те обесхрабрат
Кога штотуку пристигна на Харвард, Ел Вудс стереотипно ја доживуваа како глупава плавуша и и се потсмеваа поради нејзиниот стил на облекување. Но наместо да биде непристојна и да се обидува да ги убеди дека не се во право, Ел продолжи да биде своја и доследна на себеси без да размислува за тоа што коментираат другите.
Ја исмејуваа и нејзините колеги приправници, но само после еден разговор таа успеа да добие алиби на осомничената. Таа беше исмевана и за време н судењето додека се обидуваше да го добие случајот на својот клиент, но на крајот успеа да го фати убиецот со детално испитување.

5.Ако нешто ти делува чудно, значи дека е чудно
Една од главните пресвртни сцени во филмот „Легално русокоса“ секако е онаа во која професорот Калахан ја повикува Ел во својата канцеларија со цел лажно да и честита. Тогаш се обидува да ја наведи да спие со него доколку таа сака да напредува во кариерата.
Ел го одбива разочарана што нејзиниот ментор го открива своето вистинско лице. Сепак, не се сомнева во своето знаење и способност па одлучува да продолжи понатаму и на свој начин да се бори за својот успех. Таа сцена ни дава до знаење дека никој не смее да трпи сексуално вознемирување за да успее во кариерата.

6.Немој да се плашиш да превземеш водство
Ел знаеше како да победи во правниот случај, но никој друг не беше уверен во нејзината теорија дека нејзината клиентка Брук која беше обвинета за убиство на нејзиниот сопруг беше всушност невина.
Сепак, итрата русокоса беше доволно упорна и самоуверена да го превземе водството.
Ако знаете дека го правите вистинското нешто, немојте да се откажувате и одете напред.

7.Своето знаење секогаш пренесувај го на другите
Во последната сцена од филмот, Ел во својот говор се присетува на своите почетоци на Харвард и со другите студенти споделува како течеше нејзиниот пат до остварување на сонот.
Лекција: Секогаш барајте начини како да им го пренесете на другите она што сте го научиле.

8.Уживај во успехот, но немој тоа да ја убие твојата желба за напредок
Првобитната цел на Ел беше да се запише на Харвард со цел да го импресионира своето поранешно момче Варнер. Кога тоа и успеа некое време мислеше дека постигна се што посакуваше, но набрзо сфати дека чекорењето по истата земја по која чекори и Варнер не е доволно.

9.Покажи благодарност према луѓето кои ти помогнаа да го оствариш својот сон
Собирањето и споделувањето информации е клучно кога треба нешто да откриете или сакате да напредувате во кариерата. Откако ќе ја постигнете својата цел, што треба да направите?
Да им се заблагодарите на вашите врски, баш како што Ел и се заблагодари на Паулета.

10.Секогаш биди најдобрата пријателка која можеш да бидеш
Во некои моменти од филмот, Ел делува како девојка која ги поминува своите денови прогонувајќи момчиња. Во реалноста, Ел секогаш прво се грижи нејзините пријателки да бидат добро пред воопшто да погледне некое момче.
Таа пред се се грижи за своите пријателки и ги почитува.
И помага на Паулета да го освои поштарот во кого е заљубена и да го земе своето куче од поранешниот сопруг.

Дури и кога Вивиен е злобна спрема неа, Ел секогаш е искрена и љубезна спрема вереницата на своето бившо момче. На крајот од филмот дознаваме дека нејзиното ново момче Емет ќе ја запроси, но нејзиот однос со пријателките е всушност многу понагласен во филмот.




Коментари

[fbcomments]