Категории

Легендарната венчаница на Грејс Кели е прогласена за ремек дело на минатиот век

Венчаницата во која Грејс Кели во 1956 година се венча за принцот Реније III од Монако е прогласена за најелегантна венчаница на 20 век и вистинско ремек дело.

Грејс ја доби на поклон од студиото MGM а ја дизајнираше Хелен Роуз. На велот беа сошиени илјадници бисери.

Долниот дел од венчаницата е направено од свилен тафт, а горниот од фина чипка чии мотиви се одвоени од подлогата и повторно составени со цел да би го следеле обликот на фустанот до долниот дел. Искористен 22 метри долг свилен тафт, 90 метри свилена мрежа и бриселска чипка со ружи стара 125 години. Проценето е дека трошоците за производството на материјалот изнесувале 7,266 долари, пишува Noizz.

Венчаницата денес е сопственост на The Philadelphia Museum of Art.
Дизајнерот Оскар де ла Рента со овие зборови ја опиша легендарната венчаница: „На својот ден на венчавката Грејс Кели го даде новото значење на зборот „икона““.

 

Прегледи:
601
Објавено на:
18.10.2019