Фестивалот на фенери во Кина, познат како „Чап Го Меи“ се прославува и оваа година. Улиците се полни со млади луѓе кои шетаат со надеж дека овој ден ќе ја сретнат вистинската љубов. Овие денови море од лампиони отсјајува на небото и создава вистинска магија и глетка од која застанува здивот.
Постојат две легенди за овој традиционален фестивал:
Првата говори за Бог кој од небото ја контролирал судбината на човечкиот род. Кога ќе се налутел на луѓето, праќал шестнаесет змејови да донесат невреме, глад и суша кај луѓето. За да го смират, кралевите секоја година одржувале церемонии во негова чест. Го молеле за поволни временски условии добро здравје на царот и народот.
Следната говори за жеравата која ја испратил на земјата. Еден ден, селанецот тргнал на лов и ја убил жеравата. Тоа го разбеснело небескиот цар, бидејќи таа била неговата најдрага птица. Планирал да испрати ветрови и оган за да го уништи селото, но неговата ќерка се обидела да ги предупреди селаните.