Лејди Гага фаворит за Оскар: Почна трката за најпрестижната филмска награда!

Драмите  „Рома“ и „Омилена“ предводат во трката со по десет номинации за наградата Оскар, а еден од фаворитите во категоријата најдобра актерка е Лејди Гага.

За најголемата награда на Американската филмска академија во категоријата најдобар филм се наоѓаат остварувањата „Ѕвездата е родена“, „Црн пантер“, „Зелена книга“, „BlacKkKlansman“, „Порок“ и рок-мјузиклот „Боемска рапсодија“.

Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 24. февруари во Лос Анџелес. За наградата на американската филмска академија прв фаворит е Лејди Гага за улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, како и нејзиниот партнер Бредли Купер, номиниран за најдобра машка улога. Победата може да му ја направи неизвесна само Кристијан бејл, кој веќе го има признанието на Златен глобус.

Најдобар филм

– „Ѕвездата е родена“

– „BlacKkKlansman“

– „Црн партнер“

– „Боемска рапсодија“

– „Омилена“

– „Зелената книга“

– „Рома“

– „Пророк“

Главна машка улога

– Кристијан Бејл „Порок“

– Бредли Купер „Ѕвездата е родена“

– Вилем Дефо „На портата на вечноста“

– Рами Малек „Боемска рапсодија“

– Виго Мортенсен „Зелената книга“

Главна женска улога

– Јалика Апарисио „Рома“

– Глен Клоуз „Жената“

– Оливија Колман „Омилена“

– Лејди Гага „Ѕвездата е родена“

– Мелиса Макарти „Можеш ли да ми простиш“




Коментари

коментари