Лекции кои живот значат, а не ги учевме во училиште!

Иако образованието ни нуди многу знаење, сепак постојат некои лекции кои не се учат во училиште или на факултет. На некои од нив ви укажале другите, а некои сте ги научиле сами. Но, всушност колку од нив имате применето?

-Бидете љубезни. Никогаш не можете да знаете како некој вистински се чувствува. Изгледот лаже. Немојте некому дополнително да му го отежнувате веќе доволно тешкиот ден кој го имал.

-Потрудете се некому да му го разубавите денот. И двајата ќе имате корист од тоа.

-Сочувствувајте со секој, без разлика на неговите дела. Повредените луѓе повредуваат други луѓе.

-Научете да простувате. Простувањето не значи дека се согласувате со тоа што ви е направено, туку едноставно се ослободувате од негативните емоции кои можат да ви наштетат.

-Исплачете се кога ви е тешко. Чувството е неверојатно.

-Уживајте во процесот. Често сме фокусирани на крајниот резултат, па ги пропуштаме малите чуда кои се случуваат на патот до остварување на целта.

-Негувајте ги врските и односите со луѓето кои ви значат. На крајот на животот, никој не вели: Жал ми е што не работев повеќе. А, сепак, голем дел од луѓето велат дека им е жал што не им кажувале почесто на блиските колку ги сакаат.

-Не одбивајте прилика само затоа што се плашите. Користете го стравот како компас. Нека ве води во правецот кој најмногу ќе ви помогне да го подобрите карактерот.

-Однесувајте се кон луѓето така како што би сакале тие да се однесуваат кон вас. Никогаш не го правете тоа кое не сакате другите да ви го прават вам или на вашите блиски.

-Бидете си пријател себе си. Однесувајте се кон себе како кон некого кого многу го сакате и почитувате. Сепак,премногу време сме си сами на себе непријатели.

-Смејте се повеќе.

-Бидете благодарни. Не само за убавите и големи работи во животот. Бидете благодарни за се.

-Живејте во сегашноста. Минатото е завршено. Иднината се уште ја нема. Планирајте ја иднината, но не ги трошете својата ментална енергија и време на иднината затоа што ќе го пропуштите тоа кое сега се случува.

-Вашето здравје е темел на кој е изграден целиот ваш живот. Кога темелот е слаб, се што е изградено на него се руши. Почнете да градите цврст темел уште денес.

-Не се обидувајте да ги промените луѓето. Инспирирајте ги со своите дела.

– Од грешките се учи. Само внимавајте да не ги повторувате постојано истите.




Коментари

коментари